2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Блинкен: „Вагнер“ ја користи хунтата во Нигер

Со земјата сега владее хунта која го собори од власт претседателот Мохамед Базум пред речиси две недели. Имаше и шпекулации дека водачите на пучот побарале помош од Вагнеровците.

Познато е дека членовите на платеничката група се присутни во соседно Мали. Блинкен рече дека не верува оти Русија или Вагнеровците го поттикнале пучот во Нигер. Но, Соединетите Држави се загрижени дека членовите на групата би можеле да дејствуваат во областите на Сахел, изјави Блинкен за програмата „Фокус на Африка“ на Би-Би-Си.

„Мислам дека она што се случи и што сè уште се случува во Нигер не беше поттикнато од Русија или Вагнер, туку тие се обидоа да ја искористат ситуацијата. Секаде каде што пристигнаа Вагнеровците следеше смрт и уништување, а несигурноста само се зголемуваше, не се намали“, рече Блинкен.

Тој додаде дека „тоа што се случи се повторува и во други земји каде Вагнеровците со себе донесоа само лоши работи“. Се верува дека Вагнер има илјадници негови борци во многу земји, вклучително и Централноафриканската Република и Мали. Таму има профитабилни деловни интереси, но во исто време ги зајакнува дипломатските и економските врски на Русија.

Членовите на оваа група се обвинети за масовно кршење на човековите права во неколку африкански земји. И покрај тоа, се шпекулира дека армијата на Нигер побарала помош од Вагнер бидејќи земјата се соочува со можност за воена интервенција.

Ecowas – трговски блок кој вклучува 15 западноафрикански земји – им даде рок на лидерите на нигерската хунта до недела за да се повлечат и да го вратат претседателот Базум на власт, но тие го „игнорираа“ крајниот рок, па затоа Ecowas треба да одржи состанок во четврток за да одлучи што да се направи .

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести