3.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Еве кои пијалоци треба да ги пиете пред спиење, за одма да заспиете

Вода

Никогаш не можете да погрешите со водата – многу луѓе чуваат шише вода покрај креветот. Нема шеќер, нема калории и ефикасно ја гаси жедта. Пијте што повеќе вода во текот на денот за да го хидрирате вашето тело.

Билен чај

Билните чаеви имаат смирувачки ефект врз телото. Посебно се препорачува чај од босилек, кој ефикасно го намалува нивото на кортизол (хормон на стрес).

Одличен избор се и чаевите од валеријана, камилица или пеперминт.

Млеко

Топлото млеко пред спиење е ефикасно. Го смирува организмот, а за да го неутрализирате вкусот на лактозата, можете да додадете една лажичка мед, цимет или каранфилче.

Сок од вишна

Сокот од вишна, без додадени засладувачи, им помага на луѓето кои патат од несоница.

Истражувањето спроведено на испитаници кои имале 50 години, покажало дека оние кои пиеле сок од вишна два пати на ден, спиеле подолго, во просек 84 минути, од оние кои не го консумирале овој пијалок.

Вишните се богати со корисни состојки поврзани создрав сон.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести