4.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Не мора слика да се види дека Ислам Абази е седнат во скутот на Груби – Затоа нема никаква постапка за неговите афери

Кога народот се прашува зошто нема реакција на обвинителството за скандалите на Артан Груби, тогаш одговорот е Артан Груби си ја обезбедил заштитата преку вработувањето, а потоа и трансферирањето во АЕК на снаата на Ислам Абази.

Ете затоа Јавното обвинителство за гонење организиран криминал нема никаква постапка за скандалот со деловниот објект на семејството Груби на улица „Македонија“, нема никаква постапка за скандалозниот тендер за надзор на изградбата на коридорите, нема никаков процес за испитување на „подареното“ Ауди и уште десетици други афери поврзани со Груби и други членови на ДУИ.

Ако видовме слика на која на главата на Ислам Абази стои братот на Али Ахмети, не ни треба слика да сфатиме дека Ислам Абази е ставен во скут и на Артан Груби. Молкот на институциите се само потврда.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести