8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Австрија од следната година воведува драстични мерки за возачите кои возат пребрзо

Австрија од следната година воведува драстични мерки за возачите кои возат пребрзо. Полицијата на лице место ќе одзема возила, а можно е возилото да биде и трајно одземено. Австрискиот национален совет во Виена го усвои предлогот на австриската министерка за транспорт, Леонора Гевеслер, според кој новите мерки ќе се применуваат од март 2024 година.

Според овој предлог, доколку возите 60 км/ч повеќе од дозволената брзина во Австрија, или 70 км/ч повеќе од дозволената брзина на автопат, полицијата, меѓу другото, може да ви го одземе автомобилот на две недели.

– Доколку го повторите прекршокот, полицијата може трајно да го одземе возилото. Во тој случај автомобилот оди на аукција, а 70 отсто од приходите од продажбата одат во фондот за безбедност на патиштата. Останатите 30 отсто одат за локалните власти, велат од Министерството за транспорт.

Ако ограничувањето на брзината е повеќе од 80 км/ч во населено место или 90 км/ч надвор од населено место, возилото веднаш се одзема и се продава на аукција, без разлика дали се работи за прв или повторен прекршок.

Целта на овие мерки е да се зголеми безбедноста на патиштата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести