Овен
Во втората половина од годината, овенот ќе биде соочен со силни емотивни врски. Ако сте слободни, можно е да запознаете некој прекрасен партнер во јули или во август. Личноста ќе биде стравствена, храбра и неуништлива, ќе ве привлекува со својате енергија… Вашата врска ќе биде исполнета со страст и возбуда, но исто така ќе бара отвореност и компромис. Оние кои се врска или се во брак ги очекува период на стабилност и хармонија. Отворени разговори и искреност ќе ви помогнат да ја одржите врската здрава и силна.
Бик
Втората половина од годината на бикот му носи можност за стабилни и долгорочни врски. Ако барате љубов, септември ќе биде поволен месец за средба со некој посебен. Личноста која ќе ја запознаете ќе биде исклучително стабилна, верна и внимателна кон вас. Вашиот шарм ќе биде неодолив, привлекувајќи внимание на потенцијалните партнери. Сепак, бидете трпеливи затоа што таа врска ќе бара време да се развие. Ако сте веќе во врска или во брак, фокусирајте се на комуникација и градење на доверба. Отвореност и подготвеност да пружите поддршка на партнерот ќе ја зацврсти вашата врска.
Близнаци
За близнаците втората половина од годината ќе биде динамична и полна со нови средби. Можеби ќе бидете склони кон флерт и авантури, но бидете внимателни да не повредите нечии чувства. Во август или во септември, би можеле да запознаете некој кој потполно ќе ве освои. Таа личност ќе биде интелектуално стимулативна, забавна, комуникативна… Врската ќе биде исполнета со разговори, смеа и заенички интереси. Отвореноста за нови искуства и подготвеноста кон приспособување ќе бидат клучни за одржување на љубовниот жар.
Рак
За ракот втората половина ќе донесе емоционална стабилност и сигурност. Доколку сте слободни, можно е да остварите врска со некој од вашето опкружување или од работното место. Таа личност ќе биде емотивно врзана со вас и гржлива кон вас. Во август или во септември можно е врската да стане сериозна. Оние кои веќе се во врска или во брак, ги очекува период исполнет со хармонија и блискост. Изразете ги своите емоции и бидете подготвени на подлабока поврзаност. Интуитивното разбирање и поддршката од партнерот ќе ви помогнат заедно да изградите силна и долготрајна врска.
Лав
Лавот во текот на втората половина од годината ќе зрачи со самодоверба и ќе привлекува внимание каде и да се појави. Доколку сте слободни, август ќе биде исклучително поволен за романтични средби. Можете да се впуштите во стравствена и возбудлива врска со некој кој ќе ве воодушеви. Таа личност толку многу ќе ве обожава и ќе ги цени вашата личност и вашите квалитети. Оние во врска или во брак ги очекува стравствен период исполнет со љубов и романса. Бидете внимателни кон потребите на својот партнер и изразете ја својата љубов на вистински начин. Дајте му простор на партнерот да се истакне, а заедно ќе создадете огнена и инспиративна врска.
Девица
Втората половина од година за девиците носи стабилност и разбирање во љубовните врски. Ако сте слободни, можеби ќе се изненадите од познанство со човек кој длабоко ќе ве разбира и ќе ве поддржува. Таа личност ќе биде верен пријател, но и емотивен партнер. Вашата врска ќе се развива постепено, градејќи темели засновани на доверба и искреност. Оние кои се веќе во врска, ги очекува период на хармонија и взаемно разбирање. Воспоставете отворена комуникација и бидете подготвени на заедничко решавање на проблемите и на предизвиците. Вашата посветеност и практичност ќе помогне вашата врска да стане посилна и посилна.
Вага
Втората половина од годината вагата ќе ја привлекуваат врски кои бараат рамнотежа и компромис. Слободните ваги да очекуваат силна привлечност кон некој со кој делите заеднички вредности и интереси. Таа личност ќе биде шармантна, правична и отворена. Вашата врска ќе се развива полека, градејќи темели на еднаквост и хармонија. Оние кои се во врска или во брак, ги очекува период на рамнотежа и заеднички раст. Прилагодете ги своите потреби со потребите на партнерот и бидете подготвени на компромис. Вашата способност да воспоставите хармонија ќе ја засилат вашата врска.
Скорпија
Втората половина од годината на шкорпиите им носи интензивни и стравствени љубовни врски. Ако сте слободни, август ќе биде месецот во кој ќе се заљубите. Ќе привлекувате внимание со својата магнетска енергија. Личноста која ќе ја запознаете ќе биде таинствена, силна и емотивна. Вашата врска ќе биде обележана со длабока страст и интензивни емоции. За оние кои веќе се во врска или во брак, ги очекува период на трансформација и длабока емоционална поврзаност. Отворете се и бидете искрени за своите најдлабоки чувства и емоции. Вашата интимност ќе биде клучна за продлабочување на врската.
Стрелец
Стрелците во втората половина од годината ќе бидат отворени за авантури и нови љубовни познанства. Ако сте слободни, можете да се впуштите во врска со некој кој ќе ви донесе авантура и возбуда. Таа личност ќе биде авантуристички настроена, со слободен дух, широк ум… вашата врска ќе биде исполнета со патувања, нови искуства и многу возбудувања. Ако сте во врска или во брак, искористете го овој период за обновување на страста и за романтични изненадувања. Нека вашата взаемна поддршка и ентузијазам ја зајакнат вашата врска.
Јарец
Втората половина од годината, на љубовен план, на јарците им носи стабилност и сигурност. Ако сте слободни, можете да се изненадите од познанство со некој кој ќе ве привлече со својата сериозност и посветеност. Таа личност ќе биде верна, одговорна и целосно посветена на вас. Вашата врска ќе се развива постепено, градејќи се на темелите на довербата и на заедничките цели. Ако сте во во врска или во брак, ве очекува период на мир и на хармонија. Помагајте си еден на друг во остварување на вашите цели и бидете си поддршка во тешките моменти. Нека вашите амбиции ја поддржат и ја зајакнат вашата врска.
Водолија
Водолиите во втората половина од годината ќе бидат отворени за нови идеи и за авантуристички љубовни врски. Ако сте слободни, можете да се изненадите од познанство со некој кој ќе ви донесе нежност и разбирање. Таа личност ќе биде оригинална, интелектуално стимулативна и друштвено ангажирана. Вашата врска ќе биде обележана со длабока духовна поврзаност и со инспирација. Бидете храбри и испробајте нови работи заедно. Ако сте во врска, очекувајте период на зедничко созревање и растење. Отворете се за експерименти и за неконвенционални пристапи со цел да ја одржите свежината и виталноста на вашата врска.
Риби
Втората половина од годината на рибите им носи длабока емотивна поврзаност и духовна врска. Ако сте сами, ќе запознаете некој кој ќе ве привлече со својата чувствителност и нежност. Таа личност длабоко ќе ве разбира и ќе ве поддржува. Вашата врска ќе биде исполнета со љубов, интуиција и со духовна блискост. Бидете отворени за изразување на своите најдлабоки чувства и бидете подготвени да се препуштите на своите емоции. Вашата интуиција нека биде водач на вашата врска, а заедно создавајте магични моменти…
