2.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Два американски бомбардери стигнаа на воена вежба во Шведска

Два стратешки бомбардери B-1B Lancers слетаа на аеродромот Лулео-Калакс на северот од земјата.

„Ние спроведуваме заедничка вежба за мобилизирање на воздушните и копнените сили“, изјави портпаролката на воздухопловните сили Луиз Левин за АФП, без да прецизира колку долго ќе трае вежбата. Во овие неизвесни времиња и во перспектива за влез во НАТО, неопходни се силни партнери, посочува шведското Министерство за одбрана во соопштението до медиумите во кое го поздравува овој историски настан.

Шведска аплицираше за членство во НАТО минатата година, заедно со Финска, но две членки на алијансата, Турција и Унгарија, сè уште не го ратификувале нејзиното членство. Финска во меѓувреме се приклучи на алијансата.

Само земјите кои се полноправни членки имаат право да се бранат во согласност со член 5 од НАТО, кој вели дека напад врз една земја членка е напад врз сите. Западната алијанса, особено САД, врши притисок врз Турција да го ратификува членството на Шведска. На почетокот на јуни, Шведска рече дека е подготвена да ги прифати привремените бази на алијансата на нејзина територија дури и пред целосниот влез во НАТО.

Владата одлучи дека шведските вооружени сили би можеле да спроведат подготовки со НАТО и земјите од НАТО за да овозможат идни заеднички операции, напиша премиерот Улф Кристерсон во заедничката објава со министерот за одбрана Пал Јонсон. Кристерсон нагласи дека присуството на силите на НАТО на шведско тло ќе биде пречка за Русија.

Во понеделникот шведската комисија составена од политички претставници од сите политички опции и експерти оценија дека во светлината на руската агресија врз Украина, не може да се исклучи воен напад врз Шведска.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести