7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Вучиќ: Го прекинуваме дијалогот додека Приштина не ги ослободи уапсените Срби

Го прекинуваме дијалогот додека Приштина не ги ослободи уапсените Срби, порача српскиот претседател Александар Вучиќ во своето обраќање. Косовскиот премиер Албин Курти создава криминална ситуација во која малтретира жители од српска националност, а сега знам дека тоа го прави со помош на Западот, изјави Вучиќ во врска со барањето на САД, Белград „безусловно“ ги ослободи тројцата уапсени припадници на косовската полиција.

Вучиќ побара албанските градоначалници на северот да поднесат оставки, а упати критика дека од Западот изостануваат реакции за неправедно уапсените срби на протестите, А кои како што изјави Вучиќ противправно се држат во долг притвор. Српскиот претседател обвини дека дел од западните земји го премолчуваат теророт врз Србите.

„Освен обврските кои што ги имаме кон НАТО и кои што секогаш во потполност ќе ги исполнуваме што произлегуваат од резолуцијата 1244 и… ќе се трудиме да го сочуваме мирот, но ги предупредуваме сите оние на кои очигледно не им е до мир и кои сакаат Србите малку потивко а не вака гласно да бидат иселени од северот на Косово, тоа нема да се случи, тоа е се што имам да им кажам.“

Ситуацијата на Косово, Вучиќ ја спореди со случувањата во Македонија во 2001.

„Околу вооружениот бунт на албанците во Македонија во 2001 година. Да не спомнувам, тука се вели дека убиени се 75 припадници на безбедносните служби, над 100 лица се ранети, 90 убиени цивили, не може да се потврди точниот број… како се започна од селата Теарце, Арачиново итн. И како започна, истата секунда се јавуваат Хавиер Солана и Питер Фејт и обезбедуваат примирје. А Питер Фејт повикува да се амнестираат сите бунтовници. Видете, убиле 75 припадници, или колку и да биле, не е ни важно 5…или тројца припадници на безбедносните служби. И тие сите се амнестирани.  А Србите кои седеле мирно кои вие ги вовлекувате, не можете со месеци да ги извлечете од притвор.

Српска листа објави дека брат и сестра синоќа биле брутално претепани во селото Житковац, општина Звечан. Косовската полиција ги демантираше наводите дека нејзини припадници таму претепале две лица. Во мегувреме, НАТО ги оцени како многу сериозни настаните на северот на Косово, и соопшти дека ги презема сите неопходни безбедносни мерки.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести