0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Ердоган: Шведска мора прво да го исполни својот дел

Потврдувајќи дека ќе учествува на самитот, Ердоган рече: „Шведска има очекувања, но тоа не значи дека ќе им ги исполниме“. Турскиот претседател веќе 13 месеци го блокира влезот на Шведска во НАТО, критикувајќи ја нејзината попустливост кон курдските борци кои се засолниле на нејзина територија.

„За да ги исполниме овие очекувања, Шведска мора прво да го исполни својот дел“, додаде турскиот претседател пред новинарите кои беа со него во авионот со кој се враќаше од посетата на Азербејџан. Денеска во Анкара треба да се одржи трилатералната средба на Турција, Шведска и Финска, а на дневен ред ќе биде и кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на почетокот на јуни во Истанбул ја повика Турција „што е можно поскоро“ да донесе конечна одлука за прием на Шведска во Алијансата, оценувајќи дека таа „ги исполнила своите обврски“.

Во исто време, во Стокхолм се одржа митинг против Ердоган и против членството, со учество на група за поддршка на курдските вооружени групи во Сирија, непријатели на Анкара. „Не можеме да гледаме со одобрение што прават шведските полициски сили? Нивната работа е да ги спречат. Ако не работите на тоа, нема да можеме да кажеме „да“ во Вилнус“, изјави денеска Ердоган.

Турција, која го одобри влезот на Финска во Алијансата на крајот на март, е единствената од 31 земја-членка на НАТО, освен Унгарија, која сè уште го нема ратификувано членството на Шведска. Шведската влада во понеделникот објави дека ќе екстрадира во Турција член на Работничката партија на Курдистан (ПКК), кој во Турција е осуден за шверц на дрога, со што ќе одговори на условот што го поставила Анкара за влез на Шведска во НАТО.

Но, турските власти се уште бараат екстрадиција на десетици курдски борци кои се засолниле во Шведска и кои ги нарекуваат „терористи“, што шведската влада ја смета за невозможна мисија поради независноста на судството.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести