9.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Приведени двајца крадци во Битола, одземеното вратено на сопствениците

На 11.06.2023 во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Ѓ.М(34) и Џ.А.(31), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека вчера и завчера извршиле две тешки кражби во куќа во Битола и во објект во изградба во битолско Крклино, при што одзеле повеќе предмети.  

Тие биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. По целосно докумнетирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветени пријави.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести