20.8 C
Skopje
четврток, ноември 19, 2026

Приведен бегалец од затвор, осуден на шест години и 10 месеци затворска казна

      Приведен бегалец од затвор, осуден на шест години и 10 месеци затворска казна     

Денеска (06.06.2023) во 15.05 часот на ул.„Анри Барбис“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода А.М.(47) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на три години и девет месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести