20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Макрон: Приштина е одговорна за немирите во северно Косово

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Братислава изјави дека Приштина е одговорна за немирите во северно Косово и изрази надеж дека ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц и со лидерите на Белград и Приштина кон крајот на оваа недела.

На прес-конференцијата во Братислава, каде се одржува безбедносниот форум „Глобсек 2023“, Макрон рече дека властите во Приштина се одговорни за немирите, кои, како што истакна, нагло се зголемија откако градоначалниците на Курти стапија на функција во општините во Северот на Косово и Метохија, каде мнозинството се Срби.

Тој додаде дека се надева дека подоцна оваа недела ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц и со „лидерите на таканаречените Косово и Србија“, пренесува Ројтерс.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести