6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

62 санкции за сообраќајни прекршоци на територијата на СВР Куманово

Денеска (27.05.2023) во периодот од 10.30 до 16.30 часот Секторот за сообраќајни  работи  при Одделот за  униформирана полиција- Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 62 возачи, од кои 9 за возење без возачка дозвола, 4 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 8 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла) , 8 за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки, 6 возачи кои што вршат јавен превоз на патници а притоа не поседуваат валидно лекарско уверение…
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести