12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

132 санкции за пребрзо возење на територија на СВР Тетово

Вчера (24 Мај) од 11 до 17 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која вкупно биле откриени и санкционирани 132 пречекорувања на максимално дозволената брзина, од кои 103 биле надвор од населено место (ТЕ-38 и ГВ-65).Четири од нив, (ТЕ-1 и ГВ-3) биле за над 70 километри на час, 22 пречекорувања од 50 до 70 километри на час (TE-9 и ГВ-13) и така натаму.Покрај ова, санкционирани се и 29 (ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место, како и 7(ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

СВР Тетово апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, но и воопшто, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести