20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Ковачевски: Со магистралниот пат Куманово – Страцин, го развиваме регионот, ја поврзуваме државата на исток и запад, стануваме клучен транзитен центар на Балканот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод официјалното пуштање во употреба на магистралниот пат Куманово – Страцин.

Оваа патна делница, која е дел од Коридорот 8, е реконструирана во вкупна должина од 31.2 километри, а вкупната вредност на реконструкцијата изнесува околу 12 милиони евра.
 
„Со пуштањето во употреба на магистралниот пат Куманово – Страцин, инвестиција вредна 12 милиони евра, го реализираме зацртаниот проект за реализација на Коридорот 8 на патниот правец исток – запад. Вкупната должина на патната делница Куманово – Страцин е 31,2 километри и се рехабилитира за прв пат после повеќе од 32 години што значи дека во независна Република Македонија, во Република Северна Македонија овој пат никогаш досега не бил рехабилитиран, никогаш не бил проширен и никогаш не изгледал така како што изгледа денес“, нагласи премиерот Ковачевски на настанот.
 
„Истокот и североистокот, кои многу години беа заборавени, ги развиваме со модерна патна инфраструктура. Покрај овој магистрален пат, токму во овој регион интензивно се извршуваат градежните работи на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, каде што дополнително со реконструкцијата и проширувањето со дополнителна трета лента до граничниот премин Деве Баир со Бугарија, на источниот крак ќе имаме комплетен патен Коридор 8. Значи од најлошиот пат во државата кој водеше од Куманово до границата со Бугарија на Деве Баир сега ќе имаме модерен магистрален пат по кој ќе се вози и побрзо и побезбедно. Овој инфраструктурен проект ќе ја направи нашата земја клучен транзитен центар на Балканот и ќе придонесе за економско јакнење на целиот регион. Проектите за заживување на овој регион кои досега беа само на хартија, ги претвораме во реалност. И сето тоа е видливо на терен“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот истакна дека Коридорот 10д и Коридорот 8 се најголемиот инфраструктурен проект во државава, а сега со потпишувањето на Анексот на Договорот со ЕУ и Коридорот 8 веќе е дел од мрежата на трансевропски коридори.
 
„Со оваа одлука на Европската Унија, со изградбата на Коридорите 8 и 10д, нашата држава од кружен тек, станува централна крстосница на Балканот, и се позиционира на сообраќајната и економската карта на Европа. Со изградбата на овие два коридори, за прв пат како држава воспоставуваме модерна патна врска кон запад и исток, а не како досега само север и југ. Се поврзуваме со две пристаништа: едното во Бургас, Република Бугарија и другото во Драч, Република Албанија. Дополнително, веќе потпишавме меморандум со Владата на Албанија дека по изградбата на новото пристаниште Порто Романо ќе биде овозможено и изградба на суво пристаниште во Струга, што дополнително ќе претставува олеснување за сите компании кои тргуваат во земјата, но и за земјите од централа и југоисточна Европа“, нагласи премиерот Ковачевски.
 
Со изградбата на двата Коридори 8 и 10д, како што рече премиерот, предвидени се нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните пет години, како и нови бизниси и можности за домашните компании.
 
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на настанот истакна:
 
„Мапирањето на Коридорот 8 како еден од главните европски коридори кои минуваат низ Западниот Балкан е резултат на нашите силни напори и заедничките заложби што ги имавме со соседите од регионот, но и нашата огромна посветеност во реализација на инфраструктурните проекти. Се наоѓаме на источниот крак на Коридорот 8 каде ја завршивме рехабилитацијата на државниот пат од Куманово до Страцин во должина од 31 километар. Во овој проект ја вклучивме и рехабилитиравме и обиколницата на Куманово која беше во крајно лоша состојба“, рече министерот Бочварски, дополнувајќи дека работат на подготовка на проект за изградба на нов експресен пат од Куманово до Ранковце, за што веќе е аплицирано за поддршка преку ИПА 3 програмата.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми појасни дека реконструкцијата на делницата Куманово – Страцин се одвивала во две фази, а изведбата оцени дека е квалитетна.

„Овој патен правец е од исклучителна важност, најнапред за граѓаните коишто гравитираат во овој регион и кои секојдневно отсега ќе можат да ги уживаат придобивките на една безбедна и сигурна модерна сообраќајница. А, потоа и за сите наши граѓани и патници, затоа што оваа патна делница економски, политички и општествено нѐ поврзува со соседна Република Бугарија.

Задоволството е уште поголемо и заради фактот што оваа делница е дел од Коридорот 8, со што слободно можам да констатирам дека успешно модернизиравме патна делница којашто е дел од европската коридорска патна мрежа“, рече директорот Рустеми, оценувајќи дека со овие активности, уште еднаш се демонстрира определбата на Владата и на Јавното претпријатие за државни патишта за реализација на амбициозна програма за изградба, модернизација, реконструкција и рехабилитација на патната мрежа низ целата држава.

Обраќање на премиерот Димитар Ковачевски по повод официјалното пуштање во употреба на магистралниот пат Куманово-Страцин

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод официјалното пуштање во употреба на магистралниот пат Куманово-Страцин.

Во продолжение го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Денеска, го одбележуваме пуштањето во употреба на патната делница Куманово-Страцин, која официјално ја ставаме во функција. Ова е уште еден успешно завршен проект во делот на  патната инфраструктура, уште еден проект којшто е значаен за граѓаните, за рамномерен регионален развој, за економијата во овој дел од државата. 
Со пуштањето во употреба на магистралниот пат Куманово-Страцин, инвестиција вредна 12 милиони евра, го реализираме зацртаниот проект за реализација на Коридорот 8 на патниот правец исток-запад. Вкупната должина на патната делница Куманово-Страцин е 31,2 километри, и се рехабилитира за прв пат после повеќе од 32 години.
Што значи дека во независна Република Македонија, во Република Северна Македонија овој пат никогаш досега не бил рехабилитиран, никогаш не бил проширен и никогаш не изгледал така како што изгледа денес.

Овој магистрален пат, којшто е дел од паневропскиот Коридор 8, е од витално значење не само за овој регион, туку и за целата држава. Поврзувањето на локалните и регионалните патишта со главните коридори, значи поврзување со соседните земји, со земјите од Европа, а тоа е наш стратешки приоритет! 

Мене ми е особено драго, што истокот и североистокот, кои многу години беа заборавени, ги развиваме со модерна патна инфраструктура. Покрај овој магистрален пат, токму во овој регион интензивно се извршуваат градежните работи на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, каде што дополнително со реконструкцијата и проширувањето со дополнителна трета лента до граничниот премин Деве Баир со Бугарија, на источниот крак ќе имаме комплетен патен Коридор 8. Значи од најлошиот пат во државата кој водеше од Куманово до границата со Бугарија на Деве Баир сега ќе имаме модерен магистрален пат по кој ќе се вози и побрзо и побезбедно. Овој инфраструктурен проект ќе ја направи нашата земја клучен транзитен центар на Балканот и ќе придонесе за економско јакнење на целиот регион. Проектите за заживување на овој регион кои досега беа само на хартија,  ги претвораме во реалност. И сето тоа е видливо на терен. 

Коридорот 8,  заедно со Коридорот 10-д, се најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава.

Она што е најважно, е дека со потпишувањето на Анексот за Договорот со Европската Унија, што неодамна го потпиша министерот Бочварски, Коридорот 8 станува дел од мапата главните европски коридори на оската Исток – Запад заедно со Италија, Албанија и Бугарија.

Досега коридорот 8 не беше на мапата на трансевропските коридори и благодарение на напорната и заедничка работа на Владите на Италија, Албанија, Северна Македонија и Бугарија конечно овој месец се потпиша анексот на договорот со којшто коридорот 8 е ставен на мапата на трансевропските коридори. 

Со оваа одлука на Европската унија, со изградбата на коридорите 8 и 10-д,  нашата држава од кружен тек, станува централна крстосница на Балканот, и се позиционира на сообраќајната и економската  карта на Европа.

Со изградбата на овие два коридори, за прв пат како држава воспоставуваме модерна патна врска кон запад и исток, а не како досега само север и југ. Се поврзуваме со две пристаништа: едното во Бургас, Република Бугарија и другото во Драч, Република Албанија. 

Дополнително веќе потпишавме договор односно меморандум со Владата на Албанија дека по изградбата на новото пристаниште Порто Романо ќе биде овозможено и изградба на суво пристаниште во Струга, што дополнително ќе претставува олеснување за сите компании кои тргуваат во земјата но и за земјите од централа и југоисточна Европа. 

Дополнително, преку пристаништето во Драч ја имаме можноста за поврзување со пристаништето Бриндизи во Италија и со регионот на Италија, Австрија.
Оваа Влада започна да ја реализира децениската стратешка определба на многу влади. Со изградбата на двата трансевропски коридори 8 и 10-д, вложуваме во својата иднина и иднината на нашите деца, но и идните генерации кои ќе патуваат по модерни, современи патишта, побрзо и побезбедно, поврзувајќи се со светот.
Новите модерни патишта се само почеток на можностите значат економски и развоен импулс за државата, кој уште повеќе ќе расте со изградбата на двата коридори. Со реализацијата на двата коридори 8 и 10-д, предвидуваме нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните 5 години.

Отворени перспективи ќе има и за наши, домашни компании кои ќе можат да се вклучат во реализацијата на овој историски проект, кој ќе придонесе за рамномерен регионален развој, подобрување на економското портфолио на државата и создавање поволна клима за нови, странски инвестиции.

Ќе се отворат можности за нови пазари, а новите делници ќе отворат и можности за нови бизниси, изградба на нови објекти од разни дејности, бензински пумпи, ресторани, хотелски капацитети, одморалишта, деловни објекти. Тоа се дополнително, нови можности за отворање на нови работни места и вработување на жителите од регионите каде што ќе поминуваат автопатските делници од коридорите и магистралните патишта. Од друга страна, тоа се нови даночници и нови приливи од новите бизниси во државната буџетска каса.

Овие инфраструктурни инвестиции во патната мрежа се траен влог во нашата иднина. 

Како што денеска сме овде за да го заокружиме овој успешно реализиран патен правец, верувам и очекувам, дека во рамки на предвидените рокови, ќе го заокружиме и преостанатиот дел од патната мрежа на Коридорот 8 и со тоа ќе обезбедиме модерни, безбедни патишта и  подобри услови за живот на сите граѓани кои транзитираат овде.
За крај, упатувам честитки за успешната реализација и изградба на овој магистрален пат до МТВ, ЈПДП, до компаниите кои работеа на проектирањето на изведбата, на надзорот. Им посакувам и успешна работа во завршувањето на другите делници кои се прават а тоа е нов модерен, магистрален пат кој води од Страцин до Крива Паланка и проширување на третата лента до границата со Деве Баир“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести