13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Апликацијата „Тик-ток“ поднесе тужба против американската сојузна држава Монтана

Апликацијата „Тик-ток“ поднесе тужба против американската сојузна држава Монтана, каде што ќе стапи во сила забрана на платформата.

Во новото обвинение се вели дека тој Закон за забрана на „Тик-ток“ и неговата работа во државата е неуставно кршење на правата на слободата на говорот и се заснова на „неосновани шпекулации“ дека кинеската влада има пристап до податоците на корисниците. Оваа тужба следи по тужбата поднесена од пет други креатори на содржини, кои ги даваат истите аргументи, вклучително и дека државата Монтана нема јурисдикција за прашањата за национална безбедност. И двете тужби се поднесени пред Федералниот суд во градот Мисула.

„’Тик-ток’ не споделува и нема да споделува податоци на американски корисници со кинеската Влада и презема мерки за заштита на приватноста и безбедноста на своите корисници, како што е чување на податоците на корисниците во САД“, се вели во документот.

Гувернерот на Монтана, Грег Џанфорте во средата го потпиша Законот. Со тоа, Монтана стана првата американска сојузна држава што ја забрани популарната апликација за кратки видеа по потекло од Кина.

Кинеските закони налагаат кинеските компании да споделуваат податоци со Владата од која било причина што се чини дека се поврзани со националната безбедност. „Тик-ток“ тврди дека ова никогаш не им се случило ним.

Забраната ќе важи од 1 јануари 2024 година.

„Тик-ток“ има над 150 милиони корисници во САД, но сѐ поголем број американски законодавци и владини претставници бараат забрана на апликацијата на национално ниво поради загриженоста за потенцијалното влијание на кинеската Влада врз платформата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести