10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Германската влада постигна договор за нов закон за државјанство кој го олеснува процесот на натурализациј

Германската влада постигна договор за нов закон за државјанство кој го олеснува процесот на натурализација. Во исто време, доделувањето државјанство во некои случаи ќе биде целосно исклучено. Имено, лицата кои извршиле криминални дела мотивирани од антисемитизам, расизам или слични злосторства од омраза нема да можат да добијат пасош.

Новиот предлог закон за државност Министерството за внатрешни работи го подготви во договор со Министерството за правда, дознава dpa.

Дополнителен предуслов за натурализација ќе биде лицето генерално да може да заработува за себе и за животните потреби на своето семејство, без да му се плаќа социјална помош. Исклучоци ќе има и тие ќе се утврдат подоцна.

„Кој ќе стане германски државјанин, се посветува на животот во нашето слободно и разновидно општество“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер. Поради оваа причина, додаде таа, натурализацијата е невозможна со расизам, антисемитизам или која било друга форма на изразување омраза кон другите.

„Нема никаква толеранција. Секој кој не ги дели нашите вредности не може да стане Германец… Сакаме луѓето кои станаа дел од нашето општество да можат да учествуваат во неговото демократско формирање“, рече Фезерова.

Основата на новиот закон е скратување на минималниот период на престој за прием во германско државјанство од осум на пет години. Во случаи на особено успешна интеграција во германското општество, само три години би требало да бидат доволни.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести