Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во својот говор по инаугурацијата рече дека чувствува особена чест и гордост што полага заклетва.
„Сметам дека е привилегија, но и најголема одговорност што ми се укажа можност да бидам на чело на државата во која сум роден, која бескрајно ја сакам, во чии темели живее животно дело на генерации мои предци. И да можев да бирам, ќе се родев токму овде, на најубавото парче земја проткаено со вековна борба за опстанок, сместено меѓу морето и карпата. Инспирацијата ќе ја барам во функција во инспирација на Балшиќ, Воислављевиќ, Петровиќ, антифашистичката борба на Црна Гора и борбата на повоените генерации. Јас ќе бидам вистински претседател на сите граѓани, без разлика на нивната политичка, верска и национална припадност или која било друга лична карактеристика“, рече Милатовиќ.
Сегашниот момент, рече тој, има историски карактер.
„Промената на политичкиот естаблишмент и консолидацијата на нашата демократија раѓа оптимизам дека во наредниот период со многу повеќе единство ќе ги решаваме отворените прашања кои се од витално значење за иднината на Црна Гора. Работата што не очекува нема да биде краткорочнa и леснa. Елиминирање на внатрешните поделби, градење силни институции, непристрасна распределба на правдата, општество на еднакви можности… ќе бара целосна посветеност. Поделбите се вештачки предизвикани, често со намера да се прикрие распаѓањето на заедничките добра и зголемувањето на личното богатство. Време е да излеземе од маглата и да се собереме околу она што е заеднички именител на сите – а тоа е љубовта кон Црна Гора. Јас ќе го претставувам секој од нас во напорите да се најде хармонија онаму каде што бевме поделени. Помирена Црна Гора е единствената вистинска Црна Гора“, додаде тој.
„Никогаш повеќе не смееме да дозволиме ниту еден поединец да се чувствува обесправен. Мојата мисија е Црна Гора со еднакви можности за сите граѓани, во која напорната работа и образованието се главните фактори за успех во животот. Ова е мојата приказна, која сакам да стане сечија приказна Црна Гора. Јас ќе бидам кохезивен фактор во заедничката борба за подобра Црна Гора. Градењето демократски институции е задача на сите. Системот создаден по мерка на една партија не ги издржа предизвиците по смената на власта. Се надевам дека научивме лекции од него кои ќе ни овозможат да изградиме силни институции. Правниот систем бара и подобрување. Не треба да бркаме мнозинство, ниту две третини, ниту три петтини, туку да бараме консензус во изнаоѓање подобри решенија. Само така ќе победи Црна Гора Во рамките на моите овластувања, подготвен сум да бидам генератор на потребниот општ дијалог за постигнување консензус за судски назначувања и забрзување на нашиот европски пат“, рече Милатовиќ.
„Програмата Европа сега го промени социјалното опкружување. Реформите содржеа силен хуман карактер, во значителна мера го подигнаа стандардот. Се врати надежта кај граѓаните. Во наредниот период мора да работиме уште попосветено на создавање одржлив економски модел, со фокус на реализација на капитални проекти и на отворање нови работни места. Во моите меѓународни активности ќе внимавам на економската промоција на Црна Гора“, рече тој.
„Единствениот пат до уредна правна држава и европски стандард е патот на евроинтеграциите. Како претседател на државата ќе придонесам за подобрување на добрососедските односи. Доближувањето до ЕУ е најдобриот лек против реафирмација на деструктивните политики. Берлинскиот процес останува главен мост меѓу Западен Балкан и Брисел за нас. Сметам дека и сите постоечки како и нови регионални економски иницијативи насочени кон поблиска соработка можат да имаат дополнителна вредност доколку ги ставиме во функција на членството во ЕУ како крајна цел“, рече Милатовиќ.
Тој додаде дека „Политиката на мир и стабилност треба да биде основа на билатералните односи меѓу Црна Гора и земјите од регионот.
“Вашето присуство (претседатели од регионот) е најдобрата порака за добрососедските односи. Во име на Црна Гора, ви благодарам за тоа“.
„Мојот петгодишен мандат го започнувам со голема желба да дадам целосен придонес во натамошниот демократски развој на државата, нејзината институционална стабилизација и економски напредок. Ќе се стремам да бидам фактор на помирување и единство, во корист на секој граѓанинот и општеството во целина. Ќе бидам и корективен фактор кој ги насочува општествените процеси кон понатамошна демократизација. Граѓаните нема да ги делам на оние кои гласаа за мене на изборите и оние кои мислеа поинаку тој ден. Од првиот ден, ќе размислувам како ќе изгледа последниот ден од мојот мандат. Кога ќе ги соберам делата што ќе ги оставам зад себе, најголемо ќе биде демократската, богатата и европска Црна Гора. Денеска се колнам, ветувам дека посветено ќе работам за подобрување на Црна Гора и како прв меѓу еднаквите што цврсто застана во одбрана на нејзиниот уставен и правен поредок. Да живее Црна Гора“, рече Милатовиќ.
Присутните со аплауз го поздравија неговиот говор.
Гостите се поканети на коктел што ќе се одржи во Собранието.
