10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ДОКАЖАНО: Еве зошто пиете кафе!

Не можете да замислите да го започнете денот без да го испиете вашиот омилен пијалок – кафето?

Не грижете се, не сте единственио.

Но, дали навистина толку многу сакате кафе или само сте зависни од кофеин?

Истражувачите, како дел од студијата за зависност од кофеин, ги тестирале оние кои пиеле кафе често, оние кои го пиеле умерено и оние кои го пиеле ретко.

Нивните откритија покажуваат дека сите имале голема желба за кафе, без оглед што не го сакале премногу, но не го зголемило нивното задоволство на кој било начин, што се класични знаци на зависност.

Според оваа студија оние кои консумираат кафе редовно, имаат голема желба за овој пијалок, но не и голема љубов кон кафето.

„Овие резултати покажаа дека оние кои често пијат кафе имаат многу силна желба за овој пијалок, и покрај фактот дека самото кафе не е особено добро, што покажа дека, кога се консумира кофеинот, желбата станува независна од претпочитањето на пијалокот“, велат авторите на истражувањето од германскиот универзитет Фридрих Шилер.

Тие додадоа дека ова ја објаснува толку широката и стабилна потрошувачка на производи со кофеин низ целиот свет, бидејќи, исто како и во случајот со лекови, прекумерната употреба предизвикува зависност.

– Непропорционална врска помеѓу желбата и наклонетоста е забележана и кај широк спектар на лекови за животни. Главната разлика помеѓу супстанциите со голема зависност (алкохол или кокаин) и супстанции со помала моќност (како кофеин) е главно во квалитетот, а не во квантитетот, велат тие.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести