9.8 C
Skopje
сабота, ноември 21, 2026

Лукашенко e тешко болен ?!

68-годишниот премиер Роман Головченко присуствуваше на помпезната државна церемонија во Минск во име на Лукашенко. Државната телевизија со денови не прикажува актуелни слики од Лукашенко, иако неговата честитка беше прочитана во главниот град. Претходно медиумите во соседна Украина објавија дека Лукашенко е пренесен во болница.

Често опишуван како последен европски диктатор, Лукашенко присуствуваше на воената парада на 9 мај во Москва за да ја одбележи победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна. Таму предвреме ја напушти церемонијата.

Од претседателскиот кабинет во Минск не коментираат за неговата здравствена состојба. Опозицискиот политичар Павел Латуско, кој живее во егзил во ЕУ и некогаш беше министер за култура на Белорусија, рече дека Лукашенко очигледно е многу сериозно болен. Ништо не остана од имиџот на силен човек на Лукашенко што тој го негуваше откако првпат беше избран за претседател во 1994 година, рече Латушко.

„Тој веќе не може да оди ни неколку стотини метри, не може да држи говори или да стои исправено на трибините. Се тетерави од слабост“, додаде тој. Тој смета дека државната телевизија не знае што да каже и покаже.

Лукашенко остана на власт по изборите во 2020 година, кои опозицијата и Западот ги сметаат за наместени, најмногу поради поддршката на рускиот претседател Владимир Путин. Оттогаш, Белорусија е се повеќе економски и финансиски зависна од Русија, а нејзината територија беше користена од руската армија кога ја започна инвазијата на Украина минатата година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести