Сопственикот на телевизија Пинк, Жељко Митровиќ влезе во „Задруга“ за да разговара со учесниците во реалното шоу.
Неговиот влез ги изненади сите. Големиот шеф направи преседан и влезе во Белата куќа за прв пат од сите шест сезони сериозно да разговор пред милиони гледачи.
За одлуката на продукцијата тој ги извести дека веднаш ќе бидат дисквалификувани доколку влезат во каква било физичка пресметка.
Дополнително, Големиот шеф објави дека се уште не е сигурен дека реалното шоу во иднина ќе се емитува на ТВ Пинк. Она во што е сигурен е дека ова е последна сезона на „Задруга“ и дека доколку повторно го емитува реалното шоу, тоа ќе биде осмислено и организирано во сосема нова форма.
-Јас и моите најблиски соработници ќе седнеме и ќе видиме дали воопшто ќе имаме реално шоу во иднина, а ако имаме, сигурно ќе има нов облик и форма, така што ќе бидете познати по нешто што не е една мала работа, а тоа е дека ќе бидете последната генерација на оваа епоха на реалити. Како што реков, нулта толеранција за физички контакт, ќе ви пропаднат сите хонорари, излегувате со нула надвор – рекол сопственикот и директор на Пинк Медиа Груп, Жељко Митровиќ.