23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

СТРАШНО: Криптомилијардерите изгубиле имот во вкупна вредност од 110 милијарди долари за една година

Криптомилијардерите изгубиле имот во вкупна вредност од 110 милијарди долари за една година, објави магазинот Форбс.

Во 2022 година, на листата на Форбс на милијардери имаше 19 луѓе кои своето богатство го заработија во бизнисот со криптовалути, чии средства тогаш беа проценети на 140 милијарди долари.

Оваа година, 10 од 19-те луѓе од минатогодишната листа повеќе не се милијардери, а богатството на останатите девет е 30 милијарди долари.

Според листата на Форбс, најбогатиот крипто-милијардер и понатаму е основачот и шефот на најголемата берза за криптовалути Binance, Чангпенг Жао, чие богатство се проценува на 10,5 милијарди долари. Минатата година неговиот имот беше проценет на 65 милијарди долари.

Вториот на листата, ко-основачот на крипто мрежата Ripple Jed McCaleb, има богатство од 2,4 милијарди долари, што е мало намалување во однос на минатогодишните 2,5 милијарди.

Веднаш по него следи шефот и ко-основачот на крипто берзата Coinbase, Брајан Армстронг, со 2,2 милијарди долари, кој минатата година имаше вредност од 6,6 милијарди долари. На листата се и Крис Ларсен, Нихил Вишнаватан и Џозеф Лау, близнаците Камерон и Тајлер Винклос, а листата на овогодинешните крипто-милијардери ја затвора Метју Розак.

Изминатата година беше тешка за крипто милијардерите поради падот на берзата FTX и многу правни спорови, а ситуацијата во САД може да стане уште полоша доколку владините власти преземат мерки против крипто заедницата, заклучува Форбс.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести