6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Стоилковски: Заради криминал веќе усогласен закон со европско знаме го менуваат спротивно на Директиви на ЕУ

За Законот за работни односи да го носи Европското знаменце, треба како референца да ја има на пример Директива 2003/88/ЕЦ (Directive 2003/88/EC). Но, референца нема затоа што не се работи за усогласување со европските норми, туку за класична злоупотреба за покривање на криминал, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Посочената директива 2003/88/ЕЦ се однесува на организација на работното време, и каде во Членот 6 „најдолго работно време”, децидно стои дека бројот на работни часови се регулира со закон и пропис или со колективни договори во соработка со социјалните партери. И внимавајте, дека просечниот број на работни часови во текот на една недела, вклучувајќи и прекувремени часови, не надминува 48. Нагласувам, работна недела, вклучително прекувремено, не надминува 48 работни часа.

Почитувани, ова е европското право. Максимум 48, а не 60 часа или повеќе, затоа што така потпишал Ковачевски за ќеиф на Груби, Договор спротивен на Закони и европски норми. Уште повеќе, што веќе усогласен Закон во Македонија со 40 часа плус 8 часа работа, за волјата на Груби, сега се менува, спротивно на европските директиви. Се менува, за да нема ограничување, и тоа со европско знаменце.

Лажат, крадат и кршат норми и закони. Ниту им е до Европа ниту им е до закони, до криминалот им е и до провизиите.

Почитувани, секое премолчено одобрување на вакво кршење на процедурите, секое премолчено газење на Собранието, секое кршење на демократијата е преседан што создава практика и можност за идно повторување.

Одговорност ќе има, и ќе одговараат за секој еден денар, додава Стоилковски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести