Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Советот на Американски амбасадори која престојува во работна посета на Република Северна Македонија.
На средбата со членовите на делегацијата на Советот, составена од поранешни амбасадори на Соединетите Американски Држави, се разговараше за македонско-американското партнерство и пријателство и регионалните прашања од интерес за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан.
