21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Од почетокот на годината Украина добила 16,7 милијарди долари од западните сојузници

Од почетокот на годината Украина добила 16,7 милијарди долари од западните сојузници, изјави денеска украинскиот министер за финансии Сергиј Марченко.

– Во 2023 година во буџетот на Украина веќе пристигна помош од странски донатори во износ од 16,7 милијарди долари. Покрај тоа, имаме гаранции од нашите партнери за дополнителна поддршка за финансирање на државниот буџетски дефицит во 2023 година, објасни украинскиот министер за финансии.

Оваа информација Марченко ја презентираше на состанокот на кој присуствуваа министри за финансии и претставници на централните банки на земјите од Г7, како и високи меѓународни лидери. Украинскиот министер за финансии им се заблагодари на учесниците на форумот за „невидените напори за мобилизирање на финансирањето“.

Оваа година Украина се соочува со буџетски дефицит од 38 милијарди долари. Дополнително, владата сака уште 14 милијарди долари за брзо санирање на критичната инфраструктура и енергетскиот сектор.

Минатата година Украина доби 32,14 милијарди долари странска помош за покривање на буџетските потреби.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести