7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Зеленски: Ни треба повеќе време за да ја започнеме долгоочекуваната контраофанзива

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Киев му треба повеќе време за да ја започне долгоочекуваната контраофанзива.

Како што оценува британскиот јавен сервис, очекуваниот напад би можел да биде одлучувачки во војната, за да се разбијат првите линии на фронтот кои со месеци остануваат непроменети. Тоа ќе биде клучен тест за Украина, желна да докаже дека добиената помош може да доведе до големи придобивки на бојното поле.

Иако украинските војници, како што истакнува Зеленски, можат да продолжат со она што го имаат и да бидат успешни, загубата на работна сила би била голема.

„Мислам дека тоа е неприфатливо“, рече тој во неговото седиште во Киев, во интервју за јавните медиумски сервиси кои се членки на Европската унија на радиодифузери, пренесува Би-Би-Си.

„Значи, треба да почекаме. Ни треба уште малку време“, додаде Зеленски.

Зеленски ги опиша борбените бригади, од кои некои беа обучени од земјите на НАТО, како „подготвени“, но рече дека на армијата и требаат „некои работи“, вклучително и оклопни возила кои „пристигнуваат во групи“.

Кога и каде ќе се случи украинската офанзива не е познато. Руските сили ја зајакнаа својата одбрана долж линијата на фронтот долга 1.450 километри што се протега од источните региони Луганск и Доњецк до Запорожје и Херсон на југ.

Во последните недели, украинските власти се обидоа да ги намалат очекувањата за пробив, и јавно и приватно.

Висок функционер на украинската влада, кој сакаше да остане анонимен, рече дека лидерите на земјата „сфатиле дека [тие] мораат да бидат успешни“, но дека нападот не треба да се гледа како „сребрен куршум“ во војна која е речиси во 15-ти месец.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести