5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Јапонија е во преговори за отворање канцеларија за врски на НАТО

Јапонија е во преговори за отворање канцеларија за врски на НАТО, прва од ваков вид во Азија, изјави денеска министерот за надворешни работи Јошимаса Хајаши во ексклузивно интервју за Си-Ен-Ен. Тој потенцира дека руската инвазија на Украина го направи светот помалку стабилен.

„Веќе сме во разговори, но сè уште не се финализирани детали“, рече министерот за надворешни работи Јошимаса Хајаши.

Хајаши конкретно ја наведе руската инвазија на Украина минатата година како настан со последици далеку надвор од границите на Европа, што ја принуди Јапонија да ја преиспита регионалната безбедност.

– Ако нешто што се случува во Источна Европа, тоа не е ограничено само на прашањето во Источна Европа, и тоа директно влијае на ситуацијата овде во Пацификот. Затоа соработката меѓу нас во Источна Азија и НАТО станува…се поважна“.

Тој додаде дека Јапонија не е членка на НАТО, – но дека овој потег испраќа порака дека партнерите на блокот од Азија Пацифик „се ангажираат на многу стабилен начин“ кога е во прашање НАТО.

НАТО има слични канцеларии за врски и на други места, вклучувајќи ги Украина и Виена, Австрија. Канцеларијата за врски во Јапонија ќе овозможи разговори со безбедносните партнери на НАТО, како што се Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд, за геополитичките предизвици, новите технологии и кибер заканите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести