9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Работната сила на Twitter е намалена на рекордно ниско ниво

Работната сила на Twitter е намалена на рекордно ниско ниво бидејќи Илон Маск продолжува да отпушта работници.

Во моментов, платформата има околу 1.000 вработени, изјави извор за Business Insider.

Маск пред неколку недели изјави дека има 1.500 вработени, иако не нагласи дали во таа бројка се вклучени и вработени со договор.

Еден од познавачите на состојбите рече дека бројот на вработени е значително помал и се приближува до бројката од 1.000 работници.

Тоа значи дека работната сила на Твитер е намалена за речиси 90 отсто по преземањето на Маск, кога компанијата имаше околу 7.500 вработени.

Стотици работници сами си заминаа во првите два месеци. Во компанијата остануваат околу 500 инженери.

Последен пат Twitter имаше толку малку вработени во јануари 2011 година, кога компанијата имаше само 400 вработени.

Маск претходно изјави дека има амбиција до следната година Твитер да достигне една милијарда корисници секој месец, а таа бројка денес е поблиску до 250 милиони корисници дневно.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести