2.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Лавров: Москва „нема да им прости“ на САД што одбија да им дадат визи на руските новинари

Москва „нема да им прости“ на САД што одбија да им дадат визи на руските новинари кои следнава недела требаше го придружуваат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на неговата посета на ОН, изјави министерот за новинарите пред да замине за Њујорк.

„Нема да заборавиме, ниту да простиме“, им рече Лавров на новинарите, осудувајќи ја „глупавата“ и „кукавичка“ одлука на Вашингтон.

Лавров и членовите на неговата делегација, со исклучок на новинарите, добија американски визи за да присуствуваат на настаните во Обединетите нации во текот на следната не.

„Земјата која се смета и се нарекува себеси за најпаметна, најсилна, најслободна и најправедна „се исплаши“ и направи нешто глупаво“, рече Лавров иронично поради фактот што САД одбија да им издаваат визи на руските новинари. Тој смета дека тоа покажува „колку вредат нивните изјави за слободата на изразување“.

Претходно во неделата, неговиот заменик Сергеј Рјбаков рече дека и покрај „повторените контакти во последните неколку дена“ на иницијатива на Москва, Вашингтон „не им издава визи на новинарите кои требаше да го придружуваат Лавров на неговото патување“ во САД.

„Тоа е скандалозен и апсолутно неприфатлив метод“, тоа е „исмејување“ на САД кои, според неговите зборови, „се преправале дека работат на изнаоѓање решение“. Но, ќе најдеме одговор на тоа, за Американците уште долго да паметат дека такви работи не се случуваат“, предупреди Рјабков.

Дипломатски извор, цитиран од руската новинска агенција Риа Новости, изјави дека во знак на одмазда кон руските власти, „американските новинари во Русија несомнено ќе ги доживеат сите можни „непријатности“. Од самиот почеток на руската инвазија на Украина, условите за издавање акредитации во руското Министерство за надворешни работи во Москва, од кои зависат визите, се значително заострени.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести