Овен Љубов: Обидете се да бидете доволно шармантни пред личноста која ги тестира вашите духовни квалитети и лични способности. Работа: Кога се среќавате со соработниците, подобро е да се фокусирате на моменталната ситуација отколку да се занимавате со далечни прогнози. Здравје: Ќе ви годи витаминската исхрана и повеќе течности.
Бик Љубов: Кога се среќавате со блиска личност, мора да имате доволно сила да ја прифатите целосната вистина или работите што не ви се допаѓаат. Работа: Внимателно ги анализирате новите настани на деловната сцена и откривате разни неправилности. Поширок поглед на можните решенија носи поголем успех. Здравје: Ќе почувствувате психолошко олеснување по искрен разговор и доверба.
Близнаци Љубов: Сè почесто почнувате да пропуштате нечие присуство или емотивно внимание. Нема причина да ги потиснувате вашите чувства и потреби. Работа: Јасно ви е дека многу работи изгледаат поинаку во однос на јавно кажано или презентирано во друштвото на соработниците. Здравје: Избегнувајте депресивно расположение и деструктивно однесување.
Рак Љубов: Ве привлекува комбинација од емотивна, страсна и интелектуална поврзаност, но на личноста која е во вашето друштво и недостига „нешто“ од тоа. Работа: За околината делувате привлечно и шармантно, но тоа не е доволна гаранција за деловен успех. Здравје: Социјалниот ангажман позитивно влијае на вашата ментална рамнотежа.
Лав Љубов: Не сакате емоционална удобност, но нечие однесување ве потсетува на „исценирана претстава“ во која ви е доделена споредна улога. Работа: Нема потреба од учество во нова дискусија за деловни цели, има различни сфери на интерес и определување меѓу соработниците. Здравје: Ќе ви годи психофизичка релаксација и активен одмор.
Девица Љубов: Ќе уживате во средба со блиска личност и емотивно внимание. Направете се што е потребно за да постигнете взаемно задоволство. Работа: Некој индиректно ви дава до знаење дека секоја услуга има своја повратна цена и значење. Здравје: Обрнете внимание на работите што ве исполнуваат духовно.
Вага Љубов: Обрнете внимание на личноста која позитивно влијае на вашето расположение. Емотивната средба носи взаемно задоволство. Работа: Постојат различни околности кои ве забавуваат, некој не сака да ги слуша вашите идеи. Не го барајте невозможното. Здравје: Ќе ви годи прошетка или поминување време во природа.
Скорпија Љубов: Нема причина да се однесувате пресретливо. Важно е да се разбере „вистинската вредност“ на нечие присуство. Работа: Постапувајте по ваши критериуми и без детални објаснувања. Тркалото на среќата се врти, некаде победуваш, а некаде губиш. Здравје: Сочувајте ја вашата присебност и добра концентрација.
Стрелец Љубов: Забележувате дека вашиот партнер итро и вешто ги игнорира вашите идеи. Не можете да влијаете на нечија волја и одлуки. Работа: Избегнувајте прекумерна изложеност во друштво на соработниците. На крајот на краиштата, секогаш постои факторот изненадување. Здравје: Обрнете внимание на поздрав начин на исхрана.
Јарец Љубов: Без нечие присуство чувствувате емотивна празнина. Тешко ви е да ги изразите своите чувства и намери пред блиска личност. Работа: Ве интересираат конкретни резултати и можност за забрзано напредување на деловните скалила. Обрнете внимание на вашиот стил на изразување. Здравје: Следете го вашиот „внатрешен глас“ и потреби, опуштете се.
Водолија Љубов: Избегнувајте нова семејна или емотивна расправија. Најдобро се чувствувате со личност која ги разбира вашите емоционални потреби. Работа: Се обидувате да смислите нови и корисни решенија, но вашата околина нема слух или волја да ви се придружи. Здравје: Обрнете внимание на соодветна здравствена заштита.
Риби Љубов: Во врската со саканата личност поставете јасна граница помеѓу пристојното однесување и меѓусебната доверба. Работа: Треба да ги завршите вашите задачи во предвидениот рок. Никој нема да ги толерира вашите
