27.8 C
Skopje
петок, септември 8, 2023

Емануел Макрон го поддржуваат само 26 отсто од граѓаните

Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржуваат само 26 отсто од граѓаните, што е негов најнизок рејтинг од 2017 година, кога првпат беше избран за шеф на државата.

Ова го покажаа резултатите од анкетата на BVA спроведена за ТВ РТЛ, кои беа објавени денеска.

Во земјата каде што најавената реформа на пензискиот систем наиде на голем отпор кај јавноста и протести, 32 отсто од испитаниците имаат „претежно лошо“ мислење за претседателот, а 41 отсто „многу лошо“, додека 27 отсто од Французите имаат добро мислење.

Само 26 отсто од граѓаните имаат добро мислење за Макрон, што е ист процент како и за време на кризата поради протестите на „жолтите елеци“ во октомври 2018 година. Сепак, електоратот на Макрон сè уште му е лојален: 70 отсто од неговите гласачи имаат добра слика за него, вели RTL.

Според истражувањето, 63 отсто од Французите сакаат да продолжат јавните акции поради пензиската реформа, која предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Во април 2022 година, кога тој беше реизбран за шеф на државата, 46 отсто од Французите имаа „добро мислење“ за Макрон. Една година подоцна, 60 отсто од граѓаните оценуваат дека тој има „длабоки убедувања“, а 43 отсто дека е способен да одлучува.

Но, само 13 отсто го сметаат за политичар кој е способен да здружи сили околу едно прашање, додека во април минатата година така мислеле 28 отсто од испитаниците.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img