На 18.04.2023 околу 14.50 часот на автобуска постојка на бул.„11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Р.Б.(66) од Скопје. Тој бил затекнат при обид да одземе мобилен телефон од лице од Скопје. Р.Б. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
