8.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Доналд Трамп собра повеќе од 15 милиони долари за новата изборна кампања

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп собра повеќе од 15 милиони долари за две недели откако се појави пред судот на Менхетен каде што беше обвинет по 34 точки во врска со исплата на пари на поранешната порно актерка Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење за нивната сексуална врска.

За време на викендот, повеќе од 4 милиони долари беа собрани за 24 часа по сослушувањето на 4 април, објави тимот на Трамп, според Тајмс. 76-годишниот Трамп тврди дека обвинувањата се политички мотивирани и дизајнирани да ја саботираат неговата кампања во 2024 година.

Како што пишува британскиот весник, тоа ги поттикнало неговите поддржувачи да дадат повеќе пари.

Изборните податоци за првите три месеци од оваа година покажаа дека двата изборни комитети на поранешниот претседател собрале 18,8 милиони долари, што не ги вклучува средствата собрани откако Трамп беше официјално обвинет на почетокот на овој месец.

Неговиот тим за кампања рече дека повеќе од 300.000 луѓе донирале, а повеќето дале помалку од 200 долари.

Најголем дел од парите за кампањата, Трамп ги собира преку заедничкиот комитет за собирање средства #SaveAmerica#“.

Поранешната амбасадорка на Трамп во Обединетите нации, Ники Хејли, која пред два месеци ја објави својата кандидатура за Белата куќа, претходно изјави дека собрала „повеќе од 11 милиони долари за само шест недели“.

Сепак, извештаите покажуваат дека поранешниот гувернер на Јужна Каролина собрал само 8,3 милиони долари во првиот квартал, според Тајмс.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести