Меѓународната полициска организација извести дека властите уапсиле 14.260 луѓе во операцијата Trigger IX, која се одржала помеѓу 12 март и 2 април.
Во акцијата се пронајдени 8.263 парчиња нелегално оружје и речиси 306.000 парчиња муниција, како и 203 тони дрога и 372 тони средства за производство на наркотици.
Во акцијата учествувале Аргентина, Боливија, Чиле, Колумбија, Костарика, Еквадор, Ел Салвадор, Гватемала, Хондурас, Мексико, Панама, Парагвај, Перу и Уругвај.
Операцијата се одвивала во време кога Мексико, со поддршка на шеснаесет американски држави и неколку карипски земји, поднесе тужба против американските производители на оружје, со цел да бидат одговорни за олеснување на шверцот на оружје преку границите.
Повеќе од половина од „криминалното оружје“ запленето и пронајдено во Централна Америка потекнува од САД, според податоците на американската агенција за контрола на оружје АТФ. Таа бројка за Мексико е 70 отсто, а 80 отсто во другите карипски земји.
