9.8 C
Skopje
сабота, ноември 21, 2026

Еве колку чини квадрат на море

Сезона е на купување и барање стан покрај море. Понудата е голема, цените варираат, Грција и Црна Гора традиционално се најпопуларни, но и некои други пазари добиваат популарност.

И додека побарувачката за станови во Грција расте, се поставува прашањето – колку чини да имате сопствен простор до плажа, во блиската земја?

Иако инфлацијата се зафати во областа на недвижностите, постојат локации каде што може да се најдат станови по пристојни цени, како што е, на пример, во Албанија, пишува „Независне новине“.

Албанија

Наместен стан во Голем недалеку од море чини околу 44.500 евра за 63 квадрати. Можете да најдете и гарсоњера од по 50 квадрати по цена од 35.000 евра, наместени.

Становите во Шењин на 90 метри од море, од 63 квадрати, чинат 51.500 евра, но не се наместени. Стан од 65 квадрати кај плажата Манго во Саранда чини 58.000 евра, додека двособен стан од 48 квадрати во Орикум кај Валона чини 48.000 евра.

Сè на сè, кој планира да купи стан на крајбрежјето на морето во оваа земја, може да го купи за 1.000 евра за метар квадратен.

Босна и Херцеговина

Неум е мал град и единствен во оваа земја што се отвора кон морето. Во овој поглед, има помалку имоти, па тие се поскапи.

Така, стан од 37 квадрати чини околу 62.000 евра. Двособен стан од 56 квадрати 121.200 евра.

Во ова гратче, пак, се продаваат повеќе куќи, па куќа од 160 квадрати веднаш до море чини 665.000 евра.

Хрватска

Како и претходните години, Хрватска води по цените на недвижностите, што го покажуваат новите резултати на Еуростат, кои забележуваат дека цената на становите во оваа земја пораснала за 17,3 отсто.

Наместен стан во близина на плажа, во Штинјан кај Пула, со површина од околу 65 метри квадратни чини околу 210.000 евра. Од друга страна, пентхаус од 82 квадрати со поглед на море во Цриквеница чини 390.000 евра.

Трособен стан со поглед на море во Макарска со површина од нешто помалку од 100 квадрати е 285.000 евра, а од плажа е на 15 минути пешачење.

Во Опатија голем стан од 280 квадрати со поглед на море чини дури 798.000 евра.

Затоа би се рекло дека стан покрај море во Хрватска не може да се најде за помалку од 3.000 евра за метар квадратен.

Црна Гора

Во Црна Гора цените на становите се многу високи и сопствениците најчесто ги издаваат на една година. Меѓутоа, доколку сакате нов еднособен стан во Рафаиловиќи, со површина од 40 метри квадратни, ќе ве чини околу 147.000 евра.

Будва е значително поскапа, па гарсоњера која е оддалечена 250 метри од морето, со површина од 22 метри квадратни, чини 75.000 евра.

Од друга страна, гарсоњера од 36 м2 во нов комплекс во Бар може да се најде по цена од 72.000 евра.

Еднособен стан во Сутоморе чини 98.300 евра за 52 квадрати. Споменатиот имот е на 250 метри од море.

Овие бројки водат до заклучок дека дури и уживањето во поглед на морето во Црна Гора не е евтино и дека е неопходно да се издвојат значителна сума пари, дури и ако планирате да купите многу мал гарсоњера.

На крајот, кога купувате недвижен имот покрај море, најевтино ќе најдете во Албанија. Освен ако не сакате да отпатувате малку подалеку – во Грција.

Грција

Метар квадратен во Солун е над 2000 евра, а куќа во Касандра на Халкидики на пример со големина од 100 квадрати се продава за 450.000 евра. Вила на Евија од 200 квадраи е 700.000 евра, а стан во Атина од 100 м2 се продава за 250.000 евра.

Стан во Кавала на пример од 80 м2 се продава за 100.000 евра. Но вила веднаш до морето од 500 м2 се продава за 5.000.000 евра.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести