Париз е сојузник, а не „вазал“ на Вашингтон, рече францускиот претседател Емануел Макрон, бранејќи ги своите коментари за „стратешката автономија“ на ЕУ.
„Да се биде сојузник не значи да се биде вазал… тоа не значи дека немаме право да размислуваме за себе“, рече Макрон во Амстердам на заедничката прес-конференција со холандскиот премиер Марк Руте.
Запрашан за позицијата на Франција за Тајван, Макрон рече дека Париз ја поддржува статус кво, што значи „политиката на една Кина и потрагата по мирно решение на ситуацијата“.
По враќањето од Кина, Макрон рече дека ЕУ не може да биде само „следбеник на САД“ и дека не е во интерес на блокот да ги поттикне тензиите околу Тајван.
„Најлошото нешто би било да се мисли дека ние Европејците треба да станеме следбеници на оваа тема и да се угледаме на американската агенда и преголемата реакција на Кина“, им рече тој на новинарите.
Американскиот сенатор Марк Рубио, републиканец од Флорида во Комитетот за надворешни работи, реагираше на овие забелешки, сугерирајќи дека Вашингтон може да ја напушти ЕУ за сам да го реши украинскиот проблем.
