2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

ММФ очекува низок економски раст на глобално ниво и во следните пет години

ММФ очекува низок економски раст на глобално ниво и во следните пет години, изјави денеска извршната директорка на организацијата Кристалина Георгиева.

Георгиева во четвртокот предупреди дека економската активност забавува во 90 отсто од индустријализираните земји и дека ќе биде на најниско ниво од 1990 година, објави Гардијан.

Според неа, Индија и Кина ќе бидат заслужни за половина од овогодишниот раст.

Економската активност забавува и во еврозоната, каде каматните стапки ќе вршат притисок врз потрошувачката, рече Георгиева.

Тој рече дека нема значителен економски раст без ценовна и финансиска стабилност.

Како што е најавено, ММФ во вторник ќе ја објави редовната пролетна економска прогноза.

Во март ММФ прогнозираше дека светската економија годинава ќе порасне за само 2,9 отсто поради последиците од војната во Украина и континуираната висока инфлација.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести