Орбан го поддржа Трамп да продолжи да се бори додека се соочува со обвинение за тајни плаќања за време на претседателската кампања во 2016 година, пишува The Independent.
„Продолжете да се борите, господине претседателе! Ние сме со вас“, напиша Орбан. Заедно со споменатиот коментар, тој објави и фотографија на која двајцата се ракуваат за време на состанокот во имотот на Трамп во Бедминстер, Њу Џерси минатиот август. Унгарскиот лидер потоа отпатува за Соединетите држави за да зборува на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во Тексас.
Орбан, кого неговите критичари го обвинуваат за разбивање на демократските институции во Унгарија и за надгледување на широко распространета мрежа на официјална корупција, беше првиот европски лидер кој јавно ја поддржа претседателската кандидатура на Трамп во 2016 година и исто така изрази поддршка за кампањата на Трамп во 2020 година.
Додека Орбан се кандидираше за парламентот минатата година, Трамп го пофали како „силен лидер“ кој „навистина ја сака својата земја“ и работи напорно на сузбивање на илегалната миграција. „Ја има мојата целосна поддршка за реизбор за премиер!“ Порача Трамп во јануари минатата година.
