„Неопходно е да се прекинат воените дејствија и да се прогласи примирје, кое на двете страни им забранува да преместуваат војници, оружје, муниција, персонал и опрема“, рече Лукашенко, пренесе Си-Ен-Ен.
Во исто време, тој предупреди дека Москва ќе биде обврзана да ја искористи „целата сила на својот воено-индустриски комплекс и армија за да спречи ескалација на конфликтот – фосфорна муниција, осиромашен и збогатен ураниум“ во случај Западот да го употреби предложеното примирје за напад.
Руските власти брзо реагираа на изјавата на Лукашенко и изјавија дека итен прекин на огнот нема да ѝ помогне на Москва да ги постигне целите на својата „специјална воена операција“. Тие додадоа дека го забележале советот на белорускиот претседател и дека Путин планира за предлогот да разговара со него следната недела.
