4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ПАДНА ВО ВОДА УШТЕ ЕДНА ТЕЗА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВО „ТАРГЕТ-ТВРДИНА“ Опремата за прислушување не се уништувала поради „бомбите“ на Заев!

Повторувањето на предметот поврзан со незаконското следење на комуникациите ги вади на површина сите недоследности во теоријата на СЈО. Сведоците на Обвинителството одат контра наводите во обвинението.

Падна и тезата дека уништувањето на опремата во тогашната УБК било сторено само заради прикривање на трагите од незаконското прислушување.

Но, Сашо Трајковски, висок функционер во тогашната УБК, близок соработник на Ѕвонко Костовски кој призна вина во „Пуч“, на сведочењето во повторената постапка за „Таргет-Тврдина“, изнесе тврдења со кои ги урна тезите на обвинението.Тој, како експерт, заедно со Костовски, ги имал лозинките за пристапување кон системот на УБК со највисоки привилегии и ги поседувал сите информации околу неговото функционирање.Одговарајќи на прашање на одбраната, Трајковски посочи дека тогашната УБК одлучила да набави нов систем за следење на комуникациите уште во првата половина од 2013 година, далеку пред воопшто да бидат објавени „бомбите“ на Заев, што се коси со тезите на СЈО.Тој потврди дека неговиот претпоставен Горан Груевски го повикал во канцеларија и му соопштил за намерата, образложувајќи ја со недоволната функционалност на стариот систем, кој тешко се прилагодувал на централите од нов тип и на новите технологии на операторите.

Како еден од кандидатите за набавка на новата поквалитетна и помодерна опрема му била соопштена италијанска фирма и од него било побарано да ги поврзе со одговорни лица од операторите, за да знаат каква функционалност е неопходна.

На старата опрема и ќе спроведе соодветна постапка за нејзино ништење.Самиот Трајковски во повтореното сведочење кажа дека и тој, како експерт, смета дека новата опрема е набавена поради нефункционалност на старата.Комисијата во која членувал и тој самиот, потоа утврдила потреба за ништење на опремата, но ниту тој, ниту било кој член не се нашле на обвинителна клупа, туку се повикувани како сведоци на СЈО, а обвинети се оние кои дале наредба за формирање на комисија, постапка којашто е редовна во МВР и во УБК.

Плусинфо известуваше за пресвртите кои се случија во овој предмет и за нејаснотиите кои ги утврди Апелација во првата постапка пред основниот суд.

ИЗВОР: Плусинфо

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести