12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ИСТОРИСКА ОДЛУКА: ОН ја усвоија резолуција за климатските промени

Со резолуцијата се повикува меѓународната правда да ги разјасни „обврските“ на државите во борбата против климатските промени. .

Резолуцијата усвоена со консензус, спонзорирана од повеќе од 130 земји, го повикува Меѓународниот суд на правдата (МСП) да одговори на прашањето за „обврските на државите“ да ја заштитат климата „за сегашните и идните генерации“, што е „ невиден предизвик од цивилизациско значење“, како што се нагласува во текстот.

„Заедно, пишувате историја“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, велејќи дека, иако необврзувачко, идното мислење на судот на ОН ќе им помогне на светските лидери „да преземат похрабри и посилни мерки за климата што на светот толку очајно му требаат“.

Премиерот на Вануату, Исмаел Калсакау истакна дека народите на ОН испратиле јасна и силна порака, оставајќи ги настрана разликите и одлучиле да соработуваат во борбата против климатските промени. Вануату штотуку беше опустошен од два моќни циклони за само неколку дена.

Владата на архипелагот ја започна „историската иницијатива“ во 2021 година, по кампањата иницирана од студенти од Фиџи две години претходно.

Експертите за клима на ОН пред една недела предупредија дека глобалното затоплување може да го надмине прагот од 1,5 степени Целзиусови до 2030-2035 година во однос на прединдустриското ниво кое е определено со парискиот климатски договор.

Иако обврските од Парискиот договор не се обврзувачки, резолуцијата ја нагласува важноста на другите меѓународни документи, како што е Универзалната декларација за човековите права.

„Оваа резолуција ги става човековите права и еднаквоста меѓу генерациите во центарот на климатските промени – два клучни елементи кои обично недостасуваат во доминантниот наратив“, рече Шаина Садаи од тинк-тенкот Унија за загрижени научници додека Европскиот суд за човекови права го предводи првиот процес против земјите во однос на климата, поточно против Франција и Швајцарија.

Таа оцени дека резолуцијата е „најважниот потег на светско ниво од Парискиот договор“ и дека претставува „водич“ за националните судови во светот, кои поднесуваат се повеќе тужби против државите. Иако мислењата на Меѓународниот суд на правдата не се обврзувачки, тие имаат голема правна и морална тежина и често се почитувани од националните судови.

Вануату и неговите поддржувачи се надеваат дека мислењето на судот, кое се очекува за околу две години, ќе ги охрабри владите да ја забрзаат акцијата, или самостојно или преку тужби против државите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести