6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Се апасат полицајци кои соработувале со нарко кланови

Минатата недела беше уапсен помошникот директор на црногорската полиција Дејан Кнежевиќ, кој е осомничен дека бил дел од криминална група управувана од Радоје Звицер, водачот на кавачкиот клан, еден од двата завојувани црногорски клана, во чија војна биле убиени над 50 лица.

Уапсениот службеник на криминалистичката анализа на полицијата од Бијело Поље денеска е обвинет дека бил дел од криминална група која шверцувала марихуана од Црна Гора во Босна и Херцеговина и му е одредена мерка притвор во траење од 72 часа.

Во претходна акција уапсени се четворица полицајци од Подгорица и еден нарко-инспектор од Котор. На национално ниво, црногорската полиција трага по уште тројца инволвирани полициски службеници од Котор и Подгорица.

Како што пренесува Вијести, во досиејата на црногорското обвинителство се наведува дека група полицајци, наводни соработници на мафијата, парите добиени со шверц на кокаин ги користеле за да влијаат на резултатите од парламентарните избори во август 2020 година, но и да назначуваат луѓе од доверба на раководни позиции во полициската администрација.

Како што пишуваат црногорските медиуми, акцијата за апсење на „валканите“ полицајци почнала откако Европол на почетокот на март ги испратил последните податоци собрани со следење на апликацијата Скај, која криминалците ја користеле за размена на пораки.

Црногорскиот портал Либертас објави дел од преписката, но и вознемирувачки фотографии кои некои полицајци им ги испратиле на водачите на кавачачкиот криминален клан. На фотографиите се гледа како полицајци ги мачат членовите на противничкиот клан, барајќи од нив да признаат што направиле.

Водачот на инкриминираната полициска група со месеци е во притвор, а семејството понудило гаранција од шест милиони евра за условно ослободување, што црногорскиот суд го одбил.

Премиерот Дритан Абазовиќ пред два дена поради серијата апсења на високи полициски функционери побара од првиот човек на црногорската полиција Зоран Брѓанин да поднесе оставка, што тој одби.

Црногорскиот премиер на утрешната седница најави можност владата да го разреши Брѓанин.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести