Конфликтот во Украина „треба веднаш да заврши“, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп, повторувајќи ја својата теза дека е подготвен да постигне решение за само 24 часа, ако биде тој претседател.
Трамп додаде дека верува оти Украина може да биде уништена за година и половина, доколку не се реши конфликтот.
„Не можам да замислам што може да се случи во тоа време. Заклучокот е дека војната мора да престане, бидејќи Украина се уништува“, нагласи Трамп.
Тој навести дека украинската криза „можеби нема да се реши пред изборите“ за американски претседател во 2024 година, а политиката на администрацијата на актуелниот американски лидер Џо Бајден се заканува со „третата светска војна“.
„Неверојатно е дека ние (на власт) имаме луѓе кои не знаат што прават“. Меѓутоа, ако (конфликтот) не се реши, ќе го решам сам – за 24 часа со (Владимир) Путин и (Владимир) Зеленски. Тоа ќе биде многу едноставно преговори, но нема да откријам од што ќе се состои, затоа што во тој случај нема да можам да го реализирам мојот план. Никогаш нема да успее“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.
Трамп за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија рече дека оваа ситуација ја предизвикале тие
„Еве што се случува кога вашата влада ја водат некомпетентни луѓе. Сè што можам да ви кажам сега е да се молите“.
