8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Рејтингот Макрон падна на најниско ниво во последните четири години

Рејтингот на францускиот претседател Емануел Макрон падна на најниско ниво во последните четири години поради масовните протести предизвикани од пензиските реформи во земјата. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од БВА, кои беа објавени денеска, пренесе Франс 24.

Само 28 отсто од испитаниците Французи рекле дека се задоволни од постапките на Макрон откако тој стана претседател.

Тоа е за 6 процентни поени помалку од она што беше забележано на крајот на февруари.

Со тоа, рејтингот на шефот на државата се приближува до најниското ниво од 26 отсто, што беше забележано на врвот на движењето на „жолтите елеци“ во ноември 2018 година – наведуваат од компанијата.

Што се однесува до премиерката Елизабет Борн, нејзиниот рејтинг исто така падна на 28% во текот на месецот.

Според социолозите, ова е најнискиот рејтинг од нејзиното назначување за шеф на кабинетот во мај 2022 година.

Според компанијата, студијата потврдила неколку трендови кои се појавиле во француското општество од почетокот на дебатата за пензиските реформи.

На пример, истражувањето покажа дека мнозинството Французи (70%) се против усвојувањето на законот за зголемување на старосната граница за пензионирање. 64 отсто од испитаниците целосно ги поддржуваат штрајковите и протестите против владините мерки.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести