6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Кличко: Експлозии одекнуваат низ цел Киев

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко вечерва соопшти дека во западниот дел на главниот град на Украина се слушнале експлозии и дека се запалила продавница.

„Експлозии во главниот град, во областите Оболон и Свијатосин. Сите служби излегоа на местото на настанот. Детали – подоцна“, напиша Кличко на својот канал Телеграм, пренесува „Унијан“.
Засега нема информации за можни жртви.

Регионалната воена управа на Киев потсети дека предупредувањето за воздушна закана сè уште е во сила и ги повика жителите на главниот град и регионот да останат во засолништа.

Во цела Украина и оваа вечер беше објавено предупредување за опасност од воздух.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести