7.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Дачиќ: Отворена е можноста за воведување санкции кон Русија

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија ја оставила отворена можноста да се смени одлуката за воведување санкции кон Русија поради нападот на Украина, доколку српската економија и граѓаните почнат да трпат непоправлива штета, јави дописникот на МИА од Белград.

-Бидејќи одлуката (на Советот за национална безбедност на Србија) се уште е во сила, тоа значи дека се уште го немаме тој случај, изјави Дачиќ за Курир и додаде дека во интерес на Србија е да не воведува санкции кон Русија, но да следи како таа одлука се одразува на српската економија.

Според него, освен притисокот врз Србија поради невоведувањето санкции, намалена е и надворешнотрговската размена меѓу двете земји, додека „во некои западни земји кои воведоа санкции кон Русија таа е зголемена“.

Коментирајќи ги изјавите на министерот за економија Рад Баста, член на Единствена Србија, која е во коалиција со Социјалистичката партија на Србија на Дачиќ, дека Србија треба да воведе санкции кон Русија, Дачиќ повтори дека неговата партија и сите нивни членови на владата стојат зад одлуката на Советот за национална безбедност и државна политика.

-Се додека се во сила нашата одлука и нашата политика во однос на санкциите, ние постојано ќе ја почитуваме, рече Дачиќ. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести