9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ДРАМА: Шeфицaтa вoвeлa паузa зa мaстурбацијa нa врaбoтените

Ерикa Лaст oдлучи да гo „нoрмaлизирa“ сaмoзaдoвoлството за своите 36 вработени, кои за тоа ќе добиваат половина час пауза, како и посебна просторија во канцеларијата, пренесува „Noizz“.

Би било фер веднаш да се каже дека Ерика е сопственик на „Erika Lust Films“, инди порно студио специјализирано за кратки еротски филмови што работи на принцип на crowd-source, односно тие прифаќаат снимки од други луѓе и потоа ги објавуваат понатаму.

Ерика рече дека решила да ја воведе оваа пауза за мастурбација затоа што забележала дека нејзините вработени се „раздразливи и работат со помалку енергија“ од почетокот на пандемијата. Со цел да ги мотивира, таа ја започна иницијативата Месец на мастурбација, која е во мај, но планира да им даде и дополнителна пауза од 30 минути до крајот на годината.

  • Ги ценам моите вработени и знам дека кога се чувствуваат добро, тие работат добро. Со пандемијата и големиот пресврт во целиот наш живот, почнав да забележувам дека повеќето од нив стануваат сè понервозни и не работат како порано. Значи, знаејќи дека има само една работа за која сите се чувствуваме добро, поставив приватна просторија за мастурбација во која секој може да ужива, рече претприемачката Ерика.

Вработените се задоволни. Тие велат дека така го ослободуваат стресот.

  • Паузата за мастурбација им помогна на луѓето да се фокусираат подобро, да бидат помалку агресивни и да бидат попозитивни и попродуктивни, вели Кејт, една од вработените во компанијата.

И експертите се согласуваат со ова. Клиничките сексолози веруваат дека мастурбацијата ги релаксира луѓето, ги прави посреќни затоа што се ослободува ендорфин, а исто така може да ја намали општата напнатост на организмот.

Ерика ги покани и другите шефови да го следат нејзиниот пример. Ова, сепак, не е нов концепт. Уште во 2016 година, истражувањето спроведено од „Time Out“ во Њујорк покажа дека 39 проценти од луѓето мастурбираат на работа, иако на многумина им е тешко да го организираат законски, бидејќи постои тенка граница помеѓу прифатливото и неприфатливото во работната средина.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести