Овен
Љубов: Користете некои скриени адути за да го шармирате партнерот. Сè е дозволено, ако одговара на заедничкиот вкус. Работа: Помислата дека сте голем чекор пред другите изгледа стимулативно и возбудливо. Изгледате амбициозно. Здравје: Во одлична психофизичка форма сте.
Бик
Љубов: Треба да се придржувате до докажани стандарди. Обрнете внимание на личноста која одговара на вашето емоционално расположение и сензибилитет. Работа: Избегнувајте деловни клишеа и стереотипно однесување. Имате поинтересни идеи од решенијата што ви ги нудат колегите. Здравје: Важно е да го подобрите вашето расположение.
Близнаци
Љубов: Трпеливо чекајте нечиј повик или присуство на вашиот партнер. Има ситуации кои не можете да ги забрзате и да ги промените во ваша корист. Работа: Избегнувајте ривалство или натпреварувачка атмосфера, важно е да одржувате позитивен однос со блиските соработници. Здравје: Обидете се да ја подобрите вашата концентрација.
Рак
Љубов: Некој дополнително ве загрижува со своето нерасположено однесување. Чувствувате „покајание“ поради средбата со една личност. Работа: Избегнувајте нови конфликти, обидете се правилно да ја искористите вашата практична интелигенција и интуитивни способности. Здравје: Важно е да постигнете психолошка рамнотежа.
Лав
Љубов: Саканата личност знае да ве остави убедени, како се да е во најдобар ред. Но, чувствувате нов проблем. Работа: На деловната сцена се си има свој „живот“, а вие упорно инсистирате на работи кои одамна се надминати. Здравје: Ќе ви годи психофизичка релаксација и опуштање.
Девица
Љубов: Кога се среќавате со саканата личност, ги преувеличувате вашите потреби и реагирате премногу чувствително на разни „ситници“. Работа: Важно е да се одделат заедничките интереси од личните амбиции. Одложете ги стресните ситуации кои ве исцрпуваат. Здравје: Ќе ви годат повеќе часови здрав сон, внимавајте на соништата.
Вага
Љубов: Изгледате весело и добродушно. Романтично сте расположени, а партнерот искрено сака да ви удоволи. Работа: Имате можност да остварите двојна добивка, под услов да настапите професионално и сугестивно пред колегите. Здравје: Потребен ви е поттик за добро расположение.
Скорпија
Љубов: Мудро заобиколувате или премолчувате за одредени ситуации кои не се по нечија волја. Не ги потценувајте способностите на партнерот. Работа: Некој се обидува да ве наведе на своето решение, но вие сте доволно промислени и вешто избегнувате деловна замка или состанок што ве обврзува. Здравје: Подобрете ја вашата кондиција.
Стрелец
Љубов: Ве очекува пријатно изненадување во средбата со блиска личност. Покажете искрена благодарност за она што го добивате во врската. Работа: Направете се што е потребно за да исполните туѓи критериуми во комбинација со вашите цели. Упорноста ќе се исплати многукратно. Здравје: Одржувајте оптимизам и самодоверба во различни ситуации.
Јарец
Љубов: Важно ви е да привлечете нечие емотивно внимание, но правите голем број погрешни работи. Работа: Во деловно-финансиска смисла, заборавете на преголемите амбиции или желбата да ги присвоите туѓите резултати. Здравје: Обрнете внимание на поправилна исхрана.
Водолија
Љубов: Не ја разбирате доволно позицијата на партнерот за заеднички проблем, имате впечаток дека сте на спротивни страни. Работа: Избегнувајте сомнителни околности и повнимателно анализирајте ги вашите соработници. Понекогаш има „скриени детали“ кои потешко се гледаат. Здравје: Вечерта ќе уживате во излегување, прошетка или емотивен состанок.
Риби
Љубов: Ја излажавте саканата личност и барате ново оправдување за вашите постапки. Одговорот е во прилагодувањето. Работа: Ако се грижите за подобрување на односите со деловните партнери, прифатете нечиј совет и променете ја вашата моментална стратегија. Здравје: Треба да ја подобрите концентрацијата и расположението.
