6.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Зеленски: Ќе обновиме сè , сите градови и села што настрадаа поради окупаторите

Посетата на регионот каде Украина спроведе успешна контраофанзива против руските окупаторски сили на крајот на минатата година беше второ заминување на Зеленски од Киев оваа недела.

Тој вчера ја посети војската во близина на источното бојно поле во градот Бахмут. „Разговарав со локалните жители за нивните моментални проблеми и потреби“, напиша Зеленски на Телеграм под фотографиите од посетата на Херсон.

„Ќе обновиме сè, ќе обновиме сè. Сите градови и села што настрадаа поради окупаторите“, додаде тој.

Украинската контраофанзива минатата година ја турна руската армија од регионалниот центар Херсон по неколкумесечна окупација. Работниците сега се зафатени со обновување на снабдувањето со електрична енергија и вода.

„Мораме да се грижиме за целосно обновување и заштита на нашиот енергетски сектор!“ Зеленски напиша во посебна објава во која може да се види како ја обиколува енергетската инфраструктура.

„Благодарен сум на сите што работат на ова и му ја враќаат светлината на нашиот народ!“

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести