Овен Љубов: Изгледате весело и добродушно. Романтично сте расположени, а партнерот искрено сака да ви удоволи. Работа: Имате можност да остварите двојна добивка, под услов да се настапите професионално и сугестивно пред колегите. Здравје: Потребен ви е поттик за добро расположение.
Бик Љубов: Во приватниот живот одговорете на нечиј повик или порака. Планирајте романтична забава за двајца. Работа: Можно е да постигнете успех ако сметате на вашето богато искуство или на некои скриени средства. Здравје: Имате доволно сила да надминете различни пречки.
Близнаци
Љубов:
Избегнувајте нови емотивни провокации, изберете познато друштво или личност која ви е посветена. Работа: Вие се залагате за практично и праведно решение, но еден од соработниците има скриени намери и упорно се обидува да ви го наметне своето влијание. Здравје: Нема потреба да се губи трпението.
Рак Љубов: Во љубовната врска не е дозволено се што сакате, но нема причина ниту за лажна скромност. Секогаш избирајте го „најдоброто“ решение. Работа: Различни околности се на ваша страна. Се наоѓате во одлична можност да постигнете успешни резултати, бидете истрајни во своите намери. Здравје: Почестете се со некоја омилена забава за двајца, како рецепт за добро расположение.
Лав Љубов: Кога се среќавате со саканата личност, ги преувеличувате вашите потреби и реагирате премногу чувствително на разни „ситници“. Работа: Важно е да се одделат заедничките интереси од личните амбиции. Одложете ги стресните ситуации кои ве исцрпуваат. Здравје: Ќе ви годат повеќе часови здрав сон, обрнете внимание на соништата.
Девица Љубов: Нема причина да се однесувате пресретливо. Важно е да се разбере „вистинската вредност“ на нечие присуство. Работа: Постапувајте врз основа на вашите критериуми и без детални објаснувања. Тркалото на среќата се врти, некаде победуваш, а некаде губиш. Здравје: Чувајте ја вашата присебност и добра концентрација.
Вага Љубов: Внимателно ја анализирате саканата личност, но не можете да ги усогласите различните аспирации и интереси кои ве разделуваат. Работа: Оптоварени сте со нови деловни планови. Премногу темпераментно реагирате во ситуации кога треба да покажете дипломатски манири. Здравје: Различните видови на забава позитивно влијаат на вашето расположение.
Скорпија Љубов: Понекогаш одредени „мали нешта“ повеќе откриваат од речениците кои упорно се повторуваат. Повнимателно анализирајте ја саканата личност. Работа: Важно е правилно да ги заштитите вашите деловни интереси. Поставете јасна граница до која сте спремни да преземете одговорност. Здравје: Избегнувајте некои лоши навики.
Стрелец Љубов: Светот околу вас изгледа многу подобро или поубаво кога сте во позитивна средина и со блиска личност. Работа: Важно е да ја задржите вашата присебност и да ја поправите вашата грешка. Размислете на кого треба да се обратите за поддршка. Здравје: Нема потреба да се оптоварувате со „тешки мисли“.
Јарец Љубов: Обрнете внимание на личноста која позитивно влијае на вашето расположение. Емотивната средба носи взаемно задоволство. Работа: Постојат различни околности кои ве забавуваат, некој не сака да ги слуша вашите идеи. Не го барајте невозможното. Здравје: Ќе ви годи прошетка или поминување време во природа.
Водолија Љубов: Избегнувајте емотивни провокации кои можат да ве наведат до погрешно однесување. Работа: Делувајте мудро или промислено кога се среќавате со колегите. Нема потреба да се наметнувате. Здравје: Ќе ви годи забава.
Риби Љубов: Ако ви недостасува нечие присуство, побарајте соодветна замена или личност со која имате слични интереси. Работа: Набљудувајте ја вашата околина повнимателно и променете некои воспоставени навики. Треба да исполнувате нечии критериуми за деловна соработка. Здравје: Нема причина да ги преценувате вашите лични можности.
