16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Бројни експерти советуваат дека не секој попладневен одмор е добар, а еве зошто

Бројни експерти советуваат дека не секој попладневен одмор е добар, затоа, тие не советуваат возрасните да спијат попладне, освен ако таа дремка трае помалку од 40 минути.

Во спротивно, внатрешниот часовник и циклусите на спиење на телото може да бидат нарушени.

Човекот е биолошки „програмиран“ да спие поголем дел од ноќта и да одмори кратко еднаш во текот на денот. Имено, температурата на нашето тело паѓа помеѓу 13 и 15 часа, што прави да се чувствуваме поспани во тоа време.

Попладневната дремка нуди различни придобивки за здрави возрасни лица, вклучувајќи:

– Релаксација

– Намален замор

– Зголемена будност

– Подобрено расположение

– Подобри перформанси, вклучително и побрзи реакции и подобра меморија

Сепак, експертите тврдат дека спиењето попладне не е безбедно. Ново истражување покажа дека спиењето попладне повеќе од 40 минути го зголемува ризикот од повеќе физички нарушувања.

Студијата покажала поврзаност помеѓу попладневно дремење и развојот на метаболички синдром, вклучувајќи дебелина, висок крвен притисок и покачен холестерол.

Според резултатите од истражувањето, телото „мисли“ дека е во состојба на длабок сон што значително влијае на метаболизмот. Поради ова, вие навистина може да бидете поуморни отколку претходно

Клучот е всушност должината на спиењето. Луѓето кои спијат максимум половина час попладне се чувствуваат поодморено, „појасно“ и подобро. Ако се појави длабок сон, мозокот оди во фаза на „бавен бран“, по што се чувствуваме уморни и дезориентирани.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести